Северина го заврши снимањето на својот нов албум

На официјалната Facebook страна на Северина деновиве имавме можност да ги проследиме неколкуте фотографии од последните неколку работни атмосфери и денови на снимањето на нејзиниот најнов албум.

За поголемиот дел од музичките нумери кои ќе се најдат спакувани во студискиот албум “Dobrodošao u klub”, Северина соработуваше со веќе докажаниот и проверен авторски тим како Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, кои се инаку автори на нејзините три последователни хит синглови “Bred Pit”, “Grad bez ljudi” и “Italiana”.

Според изјавите на Северина, на албумот ќе има и песни од страна на еминентни автори од остатокот на регионот, за чии имиња истакна дека би ги сочувала како тајна и изненадување за публиката, како и една нејзина авторска песна, додека извршен продуцент на албумот ќе биде еден од најдобрите продуценти во регионот Никша Братош.

По претставувањето на албумот и неговото пуштање во продажба во средината на декември, Северина најави и своја регионална турнеја.

 

 

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: