Еден повреден полицаец, оштетен автомобил „Голф“ и едно приведено лице е епилогот по мечот Шкендија-Брегалница кој гостите го добија со 0-3, според неофицијалните информации, можна причина за овој излив на незадоволство од страна на навивачката група на Шкендија, популарните „Балисти“, е можеби поразот на нивниот тим.
Портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски, за „НоваМакедонија“ информира дека полицијата го привела М.М (22) од тетовското село Горно Палчиште, а оштетениот „Голф“ е во сопственост на Ф.Ш. (25) од Тетово.
Според првичните информации од Јосифовски, а кои ги пренесува „НоваМакедонија“, се вели дека навивачите на Шкендија најверојатно незадоволни од исходот 0-3, сакале да влезат во службените простории на Шкендија, но биле спречени во намерата од страна на присутните полицајци, притоа еден од полицајците бил повреден во левата рака и грбот.
Извор: „НоваМакедонија“
Пронајдете не на следниве мрежи: