Според информациите кои ги пренесуваат поголемиот дел од медиумите, се вели дека раперот Снуп Дог е се поблиску до одлуката да инвестира во славниот шкотски фудбалски клуб Селтик.
Снуп Дог потенцира дека е голем обожавател на фудбалот, дека гледа натпревари со доста страст и дека последен пат го фасцинирал натпреварот меѓу екипите на Селтик и Барселона што шкотскиот претставник во Лигата на Шампионите го доби со резултат 2-1 во Глазгов, а раперот вели дека по овој меч се ставил во сериозна мисла да инвестира во овој клуб.
„Се воодушевив со колку страст Селтик го играше натпреварот. Премногу сум сериозен во намерата да вложам пари во овој клуб“ изјави познатиот рапер.
Пронајдете не на следниве мрежи: