Германската кошаркарска легенда Дирк Новицки сеуште чека на враќање во елитата на теренот, неговото колено е подобро, но сепак не сака воопшто да ризикува.
Дирк Новицки, 34-годишниот играч на Далас Маверикс, поминува по неколку часа дневно на терапии за да се врати на паркетите на НБА натпреварите.
„Жал ми е што долго време не можам да настапувам. Рехабилитацијата се одвива според планот, но ќе ми требаат уште најмалку два до три дена. Веќе не ме боли, но коленото ми е сосема подвижно. Сакам да настапам веднаш, но морам сеуште да чекам“ изјави Новицки за „Билд“.
Пронајдете не на следниве мрежи: