Даниел Крег стана најплатениот актер кој некогаш ја толкувал улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, потпишувајќи договор за уште два филма, и тоа за ни помалку ни повеќе хонорар од дури 31 милион долари.
Ни Пирс Броснан, кој беше дел од серијалот филмови за најпознатиот таен агент, и покрај тогашната одлична заработувачка на “Die Another Day”, не би можел да се спореди со моменталната заработувачка и можности кои ги ужива Даниел Крег кој достојно се придружи на листата од најплатените актери како Том Круз и Леонардо ДиКаприо.
Големиот успех на “Skyfall” ги натера продуцентите на Крег да му понудат понуда која не би можел да ја одбие, притоа снимајќи ги и останатите две продолженија од серијалот филмови за Џејмс Бонд.
Продолжувањето на 24-та авантура на агентот 007 се очекува веќе во 2014 година
Пронајдете не на следниве мрежи: