петок, 13 ноември 2026
Најново

Даниел Крег се збогати за уште 31 милион долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Даниел Крег стана најплатениот актер кој некогаш ја толкувал улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, потпишувајќи договор за уште два филма, и тоа за ни помалку ни повеќе хонорар од дури 31 милион долари.

Ни Пирс Броснан, кој беше дел од серијалот филмови за најпознатиот таен агент, и покрај тогашната одлична заработувачка на “Die Another Day”, не би можел да се спореди со моменталната заработувачка и можности кои ги ужива Даниел Крег кој достојно се придружи на листата од најплатените актери како Том Круз и Леонардо ДиКаприо.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Големиот успех на “Skyfall” ги натера продуцентите на Крег да му понудат понуда која не би можел да ја одбие, притоа снимајќи ги и останатите две продолженија од серијалот филмови за Џејмс Бонд.

 

Продолжувањето на 24-та авантура на агентот 007 се очекува веќе во 2014 година

Поврзани вести