Багаркис: Против Македонците и Литванците можеме до вториот круг

Селекторот на Летонија, Ајнарс Багаркис, во јавноста изјави дека неговата селекција може да се носи со селекциите на Македонија и Литванија и дека тие би можеле да поминат во вториот круг.

„Не можевме да бираме, но кога од шестиот круг ќе ви се падне една Србија, тогаш можете да кажете дека групата е тешка, никој не сака да се падне во група со нив. Тука се и уште неколку репрезентации од некогашната Југославија, а и Летонија, со која не поминавме добро на последниот натпревар“ изјави селекторот на Литванија, Јонас Казлаускас за тамошните медиуми.

Селекторот на Летонија, Ајнарс Багаркис изјави дека се надеваше дека нивната екипа може до наредниот круг кога биле извлечени првите четири противници.

„Пред да ни падне Србија верувавме дека можеме против Македонија и Литванија во вториот круг, но тогаш ни се извлече Србија. Не бевме премногу среќни што таква селекција како Србија беше во шестиот шешир. Имаме време за припреми, ќе се бориме па што биде нека биде“ изјави Багаркис.

Пронајдете не на следниве мрежи: