Јунајтед во Истанбул без Руни, Ван Перси, Фердинанд, Сколс, Гигс…

Loading...

Тренерот на Манчестер Јунајтед одлучи да ги одмори своите најголеми ѕвезди во пресрет на натпреварот во Турција кај Галатасарај.

На пат ќе земе млади, помалку развиени сили.

Со оглед на тоа дека „Црвените Ѓаволи“ веќе осигураа пласман во осминафилането од Лигата на Шампионите, Алекс Фергусон во Истанбул нема да истрча со најсилниот состав на својот тим. Петтото коло од Лигата на Шампиони Манчестер Јунајтед ќе го одигра со млади играчи.

Според информациите, со првиот тим нема да патуваат Вејн Руни, Робин Ван Перси, Рио Фердинанд, Пол Сколс, Рајан Гигс, Антонио Валенсија и Давид Де Геа.

Прилика за деби во првиот тим ќе има младиот англиски репрезентативец Сем Џонстон и Том Торфеу.

loading...