Чупиќ: Се навикнав на „жешката“ атмосфера на овие простори, не ми сметаше воопшто!

Ракометарите на Киелце по големата борба пред седум илјади бучна публика во Скопје стигнаа до важна победа на гостувањето кај македонскиот претставник во Лигата на Шампионите, екипата на Металург, јунак на полскиот претставник беше хрватот Иван Чупиќ кој со осум погодоци беше најдобар поединец на мечот.

Иако на натпреварот се се сведе на мал број постигнати голови, тренерот на Металург, Лино Червар не пронајде одговор на играта на својот противник.

Играчот на мечот, Иван Чупиќ, вели дека е навикнат на вакви атмосфери на овие простори и дека тоа воопшто не му сметало.

„Ова беше навистина тежок натпревар за нас, но сигурен сум дека навивачите навиваа. На натпреварот имавме свои минути на криза, но, успеавме да ја совладаме таа криза и да славиме на овој мошне важен натпревар. Уживам кога играм во ваква атмосфера, воопшто не ми сметаше кога некој фрла нешто кон играчите. Во овој дел од Европа тоа е нормално во делот на навивањето, а јас сум целосно навикнат на тоа“ изјави Чупиќ.

Фото: www.hrsport.net

Пронајдете не на следниве мрежи: