Гечевски најдобар „блокер“ во АБА-лигата

Играчот на МЗТ –Скопје, Тодор Гечевски, е најдобар блокер во АБА-лигата, искусниот Гечевски со просек од 1,43 блокади по меч на вкупно десет натпревари во оваа лига е прв на листата најдобри блокери.

Тодор Гечевски на средбата со Игокеа имаше сосема скромен учинок, постигна два коша на овој меч, додека пак статистички гледано во поглед на блокадите, имаше само една блокада.

Нашиот претставник МЗТ-Скопје мечот со Игокеа на гостински терен го изгуби со резултат 55-79.

Фото/Извор: „НоваМакедонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: