Тренерот на екипата на Металург, Лино Червар, за јавноста по мечот изјави дека неговиот тим не успеал да се справи со притисокот кој му беше наметнат на овој натпревар.
„Заслужена победа на гостинската екипа. Ние не го издржавме притисокот и жалам за пропуштената шанса. Паднавме во играта во последните 13 минути и се што направивме дотогаш практично го „истуривме““ изјави Лино Червар по мечот.
Нашиот претставник во Лигата на Шампионите, екипата на Металург, го изгуби мечот со полскиот тим Киелце со резултат 23-21.
Изјава: „НоваМакедонија“
Фото: sportski.net.hr
Пронајдете не на следниве мрежи: