Фото: МЗТ со нова спортска сала

МЗТ Скопје ќе добие нова спортска сала со сите европски-светски стандарди.

Спортски центар „Јане Сандански“ со две спортски сали, хотел и други придружни објекти и содржини на местото на постојната истоимена спортска сала планира да гради општина Аеродром по пат на јавно-приватно партнерство, за што е распишан јавен повик.

Како ќе изгледа модерниот спортски центар веќе гледате и на сликите, а од нив можеме да утврдиме дека се работи за сериозен проект кој ги исполнува сите стандарди.

Според информациите, едната спортска сала ќе има капацитет од 5000 гледачи, додека пак другата, односно помошната ќе има капацитет од 1000 гледачи.

Исто така, спортскиот центар ќе има комерцијален простор, простор за хотелско сместување со теретана и спа центар.

Фото: kurir.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: