Фото: Перо Антиќ доби уште еден син, и неговото име го истетовира!!!

Членот на македонската кошаркарска репрезентација доби син, Павел, а веќе центарот на европскиот клубски шампион Олимпијакос, го истетовира неговото име.

Според информациите кои ги пренесува „Вечер“, Антиќ планира под имињата на синовите да ги истетовира и датумите на нивните раѓања.

Инаку петгодишниот Лука веќе почнал да пројавува кошаркарски амбиции, а до лани не сакал ниту да гледа кошарка, плачел кога некој ќе го турнер татко му на терен, плашејќи се да не го повреди.

Спортската редакција на „Пулс24“ им упатува честитки до Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица, нека им се живи и здрави, па еден ден да ги гледаме во дресот на Македонија, да не прават горди на националниот дрес, исто како што тоа го направија за Македонија Перо Антиќ и останатите кошаркари во изминатиот период.

Извор/Фото: „Вечер“

Пронајдете не на следниве мрежи: