Дамјан Стојановски: Ќе се трудиме да одговориме на поставените задачи

Нашата кошаркарска репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско Првенство во Словенија, во група сме со силните селекции на Србија, Литванија, Летонија, БиХ и Црна Гора.

„Факт е дека ќе бидеме ослабени на ЕП во Словенија, бидејќи некои играчи најавија повлекување од репрезентацијата. Но, тоа не значи дека нема да изостанат и нашите добри резултати на овој евробаскет. И ослабени ќе се трудиме да одговориме на поставените задачи со добри подготовки и игри во кои ќе бидат вклучени и кошаркари кои сигурно посакуваат да се наметнат. На хартија Литванија и Србија се фаворити во нашата група, но на терен сигурно ќе биде поинаку од причина што на ова првенство ќе нема непобедливи селекции. Затоа многу е важно како ќе се подготвиме“ беше изјавата на Дамјан Стојановски за „Вечер“.

Фото/Извор/Изјава: „Вечер“

Пронајдете не на следниве мрежи: