Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски ја сркши ногата на мечот од романскиот фудбалски шампионат против тимот на Турну Северин.
Кадер Бери, тоа е противничкиот фудбалер од екипата на Турну Северин кој стартувал премногу остро врз нашиот фудбалер, а Георгиевски со носилки бил изнесен од теренот и бил однесен во клиничкиот центар во Букурешт.
Според информациите, нашиот репрезентативец ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци.
Даниел Георгиевски поради жолти картони имаше суспензија за мечот против Белгија што нашата селекција го игра во март.
Пронајдете не на следниве мрежи: