Принцезата Кејт е бремена?!

Loading...

Судејќи по изворот на американските таблоиди, кој е блиско поврзан со принцезата Кејт и принцот Вилијам, тие треба да добијат наследник.

 

30 годишната Кејт се припрема во декември да излезе во јавноста со среќните вести за приновата, вели нејзината пријателка од факултетските денови – Џесика Хеј, за New Idea. Таа изјави дека парот планира во декември официјално да ја објавии веста за бебето. 

 

Џесика важи за блиска прјателка на Кејт. Таа ги познава Кејт и Вилијам веќе 12 години и со нив го делеше студентскиот дом додека студираа. Џесика изјави дека веќе се приметуваат неколкуте вишок килограми на принцезата.

 

Знаејќи ја големата желба на Кејт да стане мајка, како и притисокот од кралицата Елизабета за наследник на нејзиниот внук Вилијам, оваа вест доаѓа во вистинско време.

 

Сепак, принцезата изјави уште пред две години дека сака дете, но дека единствено нешто што и е важно е да биде здраво, а тоа дали било машко или женско воопшто не би и направила некаква разлика.

 

 

loading...