Најмалку 18 загинати во стампедо на верски празник во Индија

Најмалку 18 лица, меѓу кои осум деца, ги загубија животите, а десетици други се повредени во понеделникот во Индија, во стампедо на верски празник, јави новинската агенција IANS.

Според извештаите на медиумите, трагедијата се случила во градот Патна, во северниот дел на Индија за време на традиционалното одбележување на хиндускиот празник Чхатх, при што капењето во водите на светата река Ганг е најважната церемонија.
Според првичните информации, причина за инцидентот најверојатно е лошата состојба на неодамна изградениот мост од бамбус, по кој минувала толпата. Кога мостот се занишал, толпата од неколку илјади верници ја зафатила паника, предизвикувајќи стампедо.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: