Прекрасната пејачка од Барбадос, Ријана, неодамна тргна на промотивна турнеа насловена како “777”. Во склоп на турнеата, таа планира да посети 7 светски градови и да го промовира најновиот албум Unapologetic.
Откако веќе имаше настап во Мексико, Стокхолм и Берлин, ја чекаше настап во Лондон. Но на летот од Берлин за Лондон, Ријана беше непријатно изненадена од гест направен од страна на еден од новинарите кои ја пратат во истиот авион. Имено, приватниот авион на пејачката, за време на турнејата е полн со новинари кои го снимаат секој момент, како и неколку стотици среќни фанови, кои добија можност да се дружат со Ријана на сите нејзини настапи во склопот на оваа турнеја.
Целата турнеја е ексклузивна, инвентивна и прилично таинствена. Кога авионот ќе полета од еден град, никој не знае каде ќе слета и каде ќе биде следниот настап. Не можејќи да ја поденсе оваа тензија и неизвесност, гореспоменатиот австралиски новинар се соблече гол во авионот и трчаше по Ријана, молејќи ја да му го даде името на следната дестинација.
Пронајдете не на следниве мрежи: