Атмосферата во Белград е одлична, сите се спремни за спектакалот што го очекуваат вечерва од Џенифер Лопез. Од српските медиуми добиваме ексклузивна шанса да ви го претставиме бекстејџот во Белградска Арена и тоа како ќе изгледа гардеробата на латино-американската дива.
Како што бараше самата Лопез, целата гардероба е во бела боја. Таа пристигнува во Белград денес во 16 часот, до кога гардеробата ќе биде дополнета со дузина бели рози. Таа на концертот пристигнува со своите деца, момче и мајка, како и екипа од 65 луѓе – како танчери, менаџери, масери, фризери и шминкери.
Од моментот на пристигнување на пејачката во Белград, никој не смее да влезе во овој простор означен само за неа.
Пронајдете не на следниве мрежи: