Металург против Извиѓач во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен првак, Металург, во вторник, ќе го одигра натпреварот од деветото коло во СЕХА лигата. Противник на Металург ќе биде босанскиот преставник Извиѓач.

Натпреварот, кој со почеток во 18 часот ќе се одигра во салата во ’Автокоманда’ е можност за македонскиот првак да стави крај на серијата од два порази – против Вардар Про 26:27 во СЕХА лигата и Киелце 21:23 во Лигата на шампиони.
Металург, на табелата, во ова регионално натпреварување се наоѓа на седмото место со 12 бодови и два натпревари помалку од водечките екипи, Извиѓач е осми со девет бодови.
Лидер на табелата во СЕХА конкуренцијата е Загреб со 19 бодови, еден повеќе од Татран Прешов и два од Вардар Про.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: