Такси возач од Сингапур нашол на патничкото седиште од своето возило 1,1 милиони сингапурски долари, малку повеќе од 700 илјади евра, и ги вратил на сопствениците.
„Парите не се важни“, објаснил 70-годишниот Сиа Ка Тиан, кој не можел да поверува дека станува збор за толкава сума пари која открил пластична вреќичка полна со банкноти од по илјада долари на задното седиште од своето возило.
„Бев сигурен дека има најмалку 200 илјади долари“, изјавил таксистот за сингапурскиот дневен весник The Straits Time во изданието од вторник.
Меѓутоа, која со вреќичката се појавил во одделот за изгубени предмети на такси превозникот за кој работел, неговите колеги изброиле 1,1 милион сингапурски долари.
„Парите не ми се важни,, Не ми припаѓаат. Што ќе правам со нив?“, објаснил Сиа кој веќе 31 година работи како такси возач.
Тајландска брачна двојка, сопственици на вреќичката кои го пријавиле исчезнувањето, сепак го наградиле возачот, а висината на наградата не е соопштена.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: