Доменек: Тренирав група имбецили

Поранешниот селектор на француската фудбалска репрезентација, Рајмон Доменек, во својата книга, жестоко критикува неколкумина играчи, кои биле дел од националниот тим кој учествуваше на Светското првенство во 2010 година.

Во автобиографијата, Доменек, наведува дека бил толку изреволтиран од нивното однесување, поради што во налет на лутина ги нарекол ’група на имбецили’.
Француската репрезентација на СП во 2010 година ја шокира нацијата кога стапи во штрајк, откако Николас Ањелка, поради навреди упатени кон селекторот, беше вратен дома.
Рајмон Доменек својот шестгодишен мандат на клупата на Франција го заврши со катастрофалниот настап на Мундијалот во Јужна Африка, каде ’триколорите’, во прелиминарната фаза освоија само еден бод.
Во својата книга ’Целосно сам’, Доменек, најкритички говори за Франк Рибери, Николас Ањелка и Тиери Анри.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: