Екипата на Рома ја забележа шестата победа во сезоната, откако во последниот натпревар од 13-то коло, во Серија А, го совлада Торино со 2:0.
Рома повеќе од еден час го кршеше отпорот на гостите, а потоа во интервал од 15 минути постигна два гола.
Најпрвин, Освалдо од пенал, во 71-та минута го постигна првиот гол, а во 86-та минута Пјаниќ го постави конечниот резултат.
Ова беше втора победа на Рома на последните пет натпревари, римскиот тим се наоѓа на шестото место на табелата со 20 бодови, 12 помалку од лидерот Јувентус.
Торино, има четири порази и со 14 бодови оваа екипа се наоѓа на 13-то место на табелата.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: