Декемвриското издание на магазинот Плејбој е посветено на легендарната Мерлин Монро, која пред точно 50 години, во се уште не разјаснети околности, почина во својот дом во Лос Анџелес. Овој број на магазинот ќе биде посветен на животот на една од најатрактивните Плејбој зајачици.
Од една страна ќе биде презентирана нејзината дива страна, секогаш спремна за забава и заведување, а истовремено ќе биде претставена и Норма Џин, срамежливата страна на секс бомбата.
Во текот на годините, низ страниците на Плејбој поминаа илјадници прекрасни жени, но само мал број од нив можат да се пофалат со слава и изглед како Мерлин Монро.
Таа се уште важи за една од најубавите и најпривлечните жени што застанле пред објективот на апаратот на магазинот.
Пронајдете не на следниве мрежи: