Откриен ген кој точно го одредува времето на смртта

Гените одредуваат многу наши особини, како на пример бојата на косата, крвната група и подложност на одредени болести. Сега, научниците веруваат дека пронашле ген кој одредува нешто многу чудно – времето на смрт на човекот. 
Во студија која беше објавена овој месец во “The Annals of Neurology”, научниците кои го проучуваат биолошкиот часовник велат дека гените одредуваат какво ќе биде вашето расположение во текот на денот, но, исто така и периодот од денот кога ќе настапи смртта. 
“Постои одреден генотип кој влијае на шемата на заспивање и будење. На пример, луѓето кои имаат A-A генотип се будат околу еден час порано од луѓето кои имаат G-G генотип. Така, според генотипот можат да се одредат и други нешта, вклучувајќи го и времето на смртта. Може да се одреди периодот од денот кога ќе настапи смртта, но, за среќа не може да се одреди и датумот. Тоа би создало преголема паника.”
Истражувањата велат дека со приближување кон смртта, организмот се враќа на својот природен ритам, на местото на оној кој е условен од обврските кои ги наметнува општеството. 

Пронајдете не на следниве мрежи: