Поранешната главна обвинителка Карла дел Понте смета дека ослободителната пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач не е правда.
„Шокирана сум. Бев многу изненадена и вџашена. Потполно е неверојатно што се случило по казната од 24 години затвор за Готовина. Неверојатно. Тоа не можам да го прифатам. Чувствувам целосна солидарност со српските жртви над кои е сторен злочин, кој што цврсто го докажавме со факти“, изјави Дел Понте за Блиц.
Поранешната главна обвинителка истакнува дека обвинението било поткрепено со доволен број цврсти докази и претпоставува дека дошло до поинаква „интерпретација на фактите“.
„Не сум го прочитала објаснувањето и незнам што било напишано во образложението. Не се согласувам со новата пресуда и незнам како би можела да биде прифатена. Српската влада и Србите неможат да ја прифатат таквата пресуда. Јасно е дека е сторено злосторство и сега се поставува прашањето кој го сторил“, рече Дел Понте.
Според неа, со ослободителната пресуда за хрватските генерали доведен е во прашање кредибилитетот на Трибуналот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: