Амбер Херд го искористува Џони Деп

Откако во јавноста излегоа информациите за обновената врска на Џони Деп со 26 годишната манекенка и актерка Амбер Херд, почнаа да кружат и гласини за евентуалните проблеми на овој пар.

 

Имено, тие ја прекинаа нивната романса летово, а откако Џони Деп ја “бомбардираше” Амбер со цвеќиња, љубовни писма и песни, таа реши да му се врати. Но американските таблоиди излегоа со приказни дека Амбер воопшто не заљубена во својот партнер, туку во него гледа шанса како полесно да стигне до слава и доби улоги.

 

“Тој е лудо заљубен во неа и сака да основаат семејство заедно, но таа гледа на него само како прилика да се пробие во Холивуд.” – изјави пријател близок на Џони Деп.

 

Актерот не сакаше да ги коментира овие гласини, што не е ништо ново за него, знаејќи го неговиот став за трачеви и гласини.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: