Околу големата камена карпа којшто древните Маи ја издлабиле околу 669 година по Христа, пронајдена на почетокот од XX век југоисточно до Диудад де Мексико, се создаде митот за наводното пророштво за крајот на светот во декември 2012 година.
Меѓутоа, всушност приказот од карпата го раскажува животот и битките на еден владетел и се споменува денот 23-ти декември 2012 година, како почеток на новиот циклус на календарот на Маите.
„Маите имале циклично сфаќање за времето во кое немало поим за крајот на светот“, вели мексиканскиот археолог Хозе Ромеро во врска со камената стела којашто беше тема на катаклизмичниот филм „2012-та“ што во 2009 година го сними германскиот режисер Роланд Емерих и книгата „Пророштвото на Маите“ на американскиот автор на научна фантастика Стив Алтен.
Стелата којашто е составена од шест делови, од кои некои се чуваат во Мексико а некои во САД, е позната како Споменик 6 Ел Тортугуеро од археолошкото наоѓалиште Мукуспане, во сојузната мексиканска држава Табаско, во кое првите историски податоци датираат од 1915 година.
Од овој камен кој ја имал формата на буквата „Т“ дене недостигаат делови. „Последниот впишан знак е 23-ти декември. Но главната тема на Споменикот 6 не ниту дневник, ниту пророштво, ниту крајот на светот, туку приказната за Балам Ахау, кој бил „светиот владетел“ на Ел Тортугуеро“, вели Ромеро, пренесува AFP.
Мексиканскиот историчар Ерик Веласкез истакнува, пак, дека 23-ти декември кој се споменува, а не 21-ви, како што с пишуваше, има поврзаност со „обредот на обновување на Вселената“ и со крајот на циклусот кој започнал на 13-ти август 3114 година пред Христа.
Ромеро и Веласкез се согласни дека поимот „крајот на светот“, одбележан со природни катастрофи, е јудеохристијански. Маите навистина имале пророштва, меѓутоа тие биле краткорочни и главно поврзани со настаните од секојдневнито живот, како што се дожд, суша. Жетви и риболов.
Веласкез ја минимизира важноста на катастрофичните пророштва втемелени на толкувањето на само еден од петте илјади траги од културата на Маите кои денес се истражуваат.
Календарот на Маите не предвидува крај на светот, туку иднина по 3500-та, пишуваше во мај 2012 година, USA Today, бидејќи така било запишано во древните записи откриени на ѕидови од дамнешни урнатини во Гватемала, кои покажуваат дека Маите биле опседнати со временски циклуси а не со апокалипсата.
Новопронајдените записи, покрај тоа, точно укажуваат дека Маите имале календар кој ја надминува 2012 година, за којашто досега се веруваше дека е последна во нивниот календар, врз основа на запис на нецелосна плоча пронајдена во Мексико.
„Ете толку од наводниот крај на светот”, изјави за весникот археологот Вилијам Сатурно од Универзитетот Бостон, кој е и автор на студијата објавена во специјализираното списание Science којашто се занимава со дрвната цивилизација на Маите.
Овие записи биле откриени во урнатините во локалитетот Ксултун, а станува збор за астрономски календар, кој е пронајден во прекриената со подебел слој земја некогашна писарница.
„Бројките што ги пронајдовме укажуваат на големата опсесија на Маите со временските циклуси, од кои некои се многу големи. Писарите на Маите најверојатно бројките ги запишале во таа просторија, токму како и во просториите кои ги пронашле и шпанските освојувачи”, рече Сатурно за USA Today.
Локалитетот Ксултун е откриен уште во 1915 година и археолозите сметаат дека своевремено претставувал голем центар на цивилизацијата и културата на Маите. Меѓутоа, дури од пред две години научниците откриле затрупани простории, коишто за среќа не биле забележани од трагачите по богатства коишто ги крстосуваат светилиштата на древните латиноамерикански цивилизации.
Ѕидовите на просторијата биле насликани со мурали и хиероглифи запишани во редови меѓу сликите. Календарите кои се пронајдени претставуваат временски циклуси како и церемонијалниот календар од 260 дена, стандардниот календар на Маите од 360 дена, како и календарите познати кај западната цивилизација како календари на Венера и Марс со 584 односно 780 денови.
Меѓу бројките биле пронајдени и тие коишто одговараат на годините по 3500-та.
Во 1960-те во јужно Мексико е најдена камена плоча која е доста оштетена, а еден нејзин дел е украден. Но во остатокот од текстот се споменува 21-ви декември 2012 година., во кое се опишува нешто што треба да се случи на тој датум, а е споменат мистериозниот бог Болон Јокту, кој се смета дека бил божество на војната, но и на создавањето кај древните Маи. Но археолозите заради оштетеноста не можат да го прочитаат прецизно текстот и не го коментираат.
Археологот Џилермо Бернал го интерпретираше написот со значење „Тој ќе се симне од небото”. Додава дека во ваквото тврдење за пропаста на светот нема основа, бидејќи во записите на Маите споменуваат години и по 2012 години а во еден дури се споменува дири и 4772-та година.
Календарот на Маите инаку почнува во 3114-та пред Христа а временските периоди кои во записите се нарекуваат бактуни содржат 394 години. Тринаесетката е среќна и многу важен бројка за Маите а 13-от бактун завршува тој циклус.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: