Хакерите од Anonymous ја продолжуваат својата кампања против Израел поради нападите на Gaza, откако денес објавија списоци од илјадници луѓе кои донирале на про-израелска организација. Anonymous објавиле документ во кој се содржани имиња, домашни адреси и e-mail адреси од личности кои го поддржале Израел во конфликтот со Палестинците. Се вели дека ова е најголемата мрежа на про-израелци во светот. Се чини дека документот е многу стар, а една од e-mail адресите припаѓа на Douglas Feith, заменик-секретарот за одбрана на George Bush, кој ја напушти таа работа во 2005 година.
На овој список постојат и имиња на претставници на Белата Куќа, Сенатот и State Department-от, како и многу медиумски организации.
Последната операција на Anonymous за рушење на израелски веб сајтови, наречена OpIsrael, започна минатата недела и резултираше со рушење на сајтот на Банката на Ерусалим, Министерството за Надворешни Работи на Израел, како и многу други сајтови.
Еден Twitter профил на претставник на Anonymous утрово изјави дека хакери од Пакистан влегле во сајтовите на израелскиот Bing, MSN, Skype, Live и други. Microsoft ја потврдиле оваа вест.
Anonymous дадоа официјална објава: “Кога израелската влада јавно се закани дека ќе стави забрана на користење на интернет и телекомуникации во и околу појасот Gaza, тие ја преминаа границата на нашето трпение. Акциите на Израел доведоа до загинување на 24 цивили во само 2 дена.”
Извор: cnet.com
Пронајдете не на следниве мрежи: