И додека кај нас доаѓаат студените зимски денови, жителите на топлите краишта уживаат.
Една од нив е и ѕвездата на тв серијата “Пријатели”, која деновиве во Флорида го покажа своето тело и докажа дека може да “се носи” со помладите колеги.
48 годишната актерка, облечена во бикини, уживаше под сонцето додека папараците ја сликаа од секој можен агол.
Актерката моментално е на заслужен одмор, поради проблемите во својот приватен живот. Годинава се разведе од својот долгогодишен сопуг Дејвид Аркет.
Откако одморот ќе заврши, таа се враќа на снимањето на серијата Cougar Town.