Хрватска наредниот натпревар од квалификациите за Светското Првенство во 2014 година го игра против Србија во Загреб. По ослободителната пресуда на хрватските генерали Ante Gotovina и Mladen Markac, некој на Facebook му предложил на хрватскиот селектор Igor Stimac почетниот удар да го изведат Gotovina и Markac.
Српските фудбалери се заканиле на UEFA дека нема да го одиграат натпреварот доколку генералите се појават на теренот. Српскиот селектор Синиша Михајловиќ за српскиот весник Блиц изјавил: “Сигурно нема само да гледаме. Ако Храватите го направат тоа, нема да играме. Тоа е единствениот начин да не победат. Отсекогаш сум бил на ставот дека спортот и политиката не одат заедно.”
Хрватскиот фудбалски сојуз ги повика хрватските генерали Ante Gotovina и Mladen Markac да бидат посебни гости на мечот против Србија. Сигурно е дека нема да го изведат почетниот удар, но сигурно ќе ја бодрат Хрватска на трибините.
Пронајдете не на следниве мрежи: