Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ), во Виена, во вторникот беа извлечени осминафиналните двојки во европските купови, во женска конкуренција.
Македонија има свои преставници во Купот на победниците на куповите (КПК), Купот на ЕХФ и Челинџ купот.
Ракометарките на Металург во осминафиналето во КПК ќе играат против германскиот Туринген, првиот натпревар Металург ќе го одигра на домашен терен.
Вардар СЦБТ, во Купот на ЕХФ ќе игра против рускиот Кубан Краснодар, ’вардарки’ првиот меч ќе го одиграат во Скопје.
Ракометарките на Куманово, кои се натпреваруваат во Челинџ купот, за пласман меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување ќе играат против Зрињски од Мостар. Првиот меч од осминафиналето овие две екипи ќе го одиграат во Куманово.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: