Избоден чуварот на амбасадата на САД во Тел Авив

Маж кој најверојатно е душевно пореметен го избодел во вторникот чуварот пред американската амбасада во израелскиот град Тел Авив,соопшти израелската полиција.

„Автомобил ’мазда’ застана пред амбасадата на САД и од него излегол маж со црвена торба и вили. Почна да трча кон стражарите. Тие го видоа, ги извадија пиштолите и му рекоа да легне на земјата“, изјавил за Reuters еден очевидец на инцидентот.
„Тој продолжи да трча, тие запукаа во воздух и повторно му наредија да легне. Тој одеше натаму, Скокнаа врз него и му ја одземаа торбата“, додал сведокот.
Полицијата соопшти дека еден од стражарите бил полесно повреден и дека напаѓачот е приведен.
„Се чини дека напаѓачот е ментално неурамнотежена личност“, изјавил за медиуми директорот на полицијата во Тел Авив, Јорам Охајон.
Израелското државно радио извести дека 41-годишниот напаѓач е Израелец со криминално досие.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: