Навивачите на екипата на турски Галатасарај им приредија дочек на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, со што им покажаа и докажаа дека на натпреварот во Лигата на Шампионите ги чека вистинска „пеколна“ атмосфера.
Двата клуба ќе се судрат вечерва во петтото а воедно претпоследно коло по групи во рамките од Лигата на Шампионите.
Навивачите на турскиот клуб одлучија да ги заплашат гостите од Англија.
Околу 1000 навивачи се собраа на аеродромот „Ататурк“ со натписи „Јунајтед, добродојдовте во пеколот“ или „Јунајтед, почивај во мир“.
Навивачите се понадеваа дека можат да им се приближат до фудбалерите на Јунајтед, но, англискиот гигант во договор со полицијата излезе од споредниот излез.
Пронајдете не на следниве мрежи: