Милан заинтересиран за Пасторе

Италијанскиот клуб покажа интерес за фудбалерот на ПСЖ, Хавиер Пасторе, кој во скоро време би можел да се врати во Италија.

Росоњерите сакаат да придодадат креативна игра во својот тим, идеално решение за тоа, според мислењето на спортскиот директор на Милан, Ариед Браид, дека идеално решение за тоа би бил Хавиер Пасторе.

Пасторе во ланскиот преоден рок во летото премина од Палермо во Париз Сент Жермен, каде набрзо стана еден од најважните играчи на својот тим.

Европски медиуми шпекулираат дека ПСЖ би го пуштил Пасторе во Милан за 20 милиони евра но притоа да го добие и потписот на Игнасио Абате.

Пронајдете не на следниве мрежи: