Рускиот фудбалски клуб Анжи според одредени шпански медиуми спрема неверојатно богата понуда за ангажман на фудбалерот на Барселона, Чави.
Според информациите кои ги пренесуваат повеќето шпански медиуми, се вели дека огромната и богата понуда можеби ќе го поколеба Чави во однос на намерата да ја заврши кариерата во Барселона.
Тој сеуште не преговараше околу новиот договор, но веќе Сандро Росел изјави дека нема да дозволи играчот со најмногу настапи во нивната клубска историја да го облече дресот на некој друг клуб на крајот од својата кариера.
„Тоа не може да се случи, би било неприродно“ изјави првиот човек на Барселона.
Се шпекулира дека Анжи би го направил Чави најплатениот фудбалер во светот, тој наводно би добил понуда од 21 милион евра годишна плата по сезона.
Пронајдете не на следниве мрежи: