Гласините за Samsung Galaxy S4

На интернет страните низ светот се појавуваат се повеќе гласини за новиот модел од серијата Galaxy на Samsung. Оваа компанија до сега претстави 3 Galaxy мобилни телефони, од кои S2 ја понесе титулата “Најдобар smartphone за 2011 година”, а S3 би можел истата титула да ја добие за 2012. Поради ова, логично е очекувањата за моделот S4 да бидат огромни. 

Иако официјални информации за Galaxy S4 сеуште нема, јасно е дека овој телефон ќе биде уште подобар во однос на претходниците, а последните информации објавени на GSM Arena откриваат дека треба да очекуваме фантастичен хардвер. 

Доколку овие гласини се покажат како вистинити, Galaxy S4 треба да има екран со дијагонала од 4.99 инчи (S3 има 4.8-инчен екран), резолуција 1920×1080 пиксели, а густината на пикселите ќе изнесува 441 пиксел по инч (iPhone 5 има густина на пиксели од 326 пиксели по инч). Камерата на S4 би требало да има резолуција од 13MP, односно четворојадрен процесор од 2GHz кој би требало да обезбеди брзо извршување на сите операции на телефонот. 

Иако ова се само гласини, треба да се напомене дека следната година се очекува сите врвни модели на телефони да имаат 5-инчни full HD екрани, па со оглед на тоа што Samsung Galaxy серијата спаѓа во највисоката класа, лесно е да се претпостави дека истото ќе го нуди и S4. 

Samsung ваквиот екран би можел да го претстави на почетокот на следната година на CES саемот во Las Vegas, како и на Mobile World Congress во Barcelona, а се очекува дека производството на S4 ќе започне веќе во првиот квартал од следната година. Galaxy S4 би можел да се очекува и во вториот квартал од следната година. 

Иако за некои луѓе, екранот од 5 инчи би можел да биде преголем, одличната продажба на Samsung Galaxy Note и Galaxy Note 2 кои имаат 5.3, односно 5.5-инчни екрани, вели дека компанијата нема да доживее проблем со продавањето на S4. 

Освен гласините за новиот Galaxy модел, неодамна се појавија и гласини дека веќе се произведува iPhone 5S, кој би требало да биде претставен во првата половина од 2013. Којзнае, можеби тоа ќе се случи во исто време со претставувањето на новиот модел на Samsung, па ќе биде интересно да видиме како ќе ги одмерат силите Apple и најуспешната јапонска компанија од оваа област. 

Пронајдете не на следниве мрежи: