Кака продолжува во ЛА Галакси?

Американските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот на екипата на Реал Мадрид би можел да го замени Дејвид Бекам во Лос Анџелес Галакси.

Доцна синоќа Дејвид Бекам навести дека по финалето од МЛС купот ќе го напушти тимот на Галакси, и дека е спремен за уште еден голем нов предизвик.

Имено, иако Бекам во јануари го продолжи договорот со Галакси, доцна синоќа ја соопшти оваа одлука.

Медиумите во Америка веќе на големо пишуваат дека замената за Бекам е најдена во Кака, играчот на екипата на Реал Мадрид.

Наводно, феноменалниот бразилец е прв на листата на желби на овој тим, се шпекулира дека тимот на Лос Анџелес Галакси уште во најбрзо време ќе стапи во преговори со тимот на Реал Мадрид околу ангажман на Кака.

Пронајдете не на следниве мрежи: