Верност кон Барса, Чави ја одби експресно понудата од Анжи!!!

Чави Хернандез ја одби понудата од руски Анжи која гласеше неверојатни 21 милион евра годишна заработка.

Чави не е заинтересиран за заминување во Русија, а моментално е во преговори со Барселона околу продолжување на постојниот договор кој му истекува во 2014-тата година за додатни две сезони.

Во последно време се повеќе и повеќе шпекулации се вртат околу играчот од средниот ред на екипата на Барселона за негово напуштање на тимот и преселба во богатиот руски клуб Анжи, но по ова одбивање на таа богата понуда, станува се поизвесно дека Чави ќе го продолжи постоечкиот договор за уште две сезони, а очигледно е дека овој фудбалер кариерата би ја завршил во Барселона.

Пронајдете не на следниве мрежи: