понеделник, 23 ноември 2026
Најново

ЛИСАНДРО ГО НАПУШТА ЈУНАЈТЕД ПО ТЕШКИ ЗБОРОВИ: Барселона и Атлетико се први во редот за Аргентинецот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез е на пат да го напушти Манчестер Јунајтед.

Како што објавија шпанските медиуми, Мартинез наскоро би можел да го напушти Манчестер, а за дефанзивецот се заинтересирани Барселона и Атлетико Мадрид.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Барселона сè уште има проблеми во задната линија, а на Каталонците итно им се потребни засилувања за повторно да ја освојат Лигата на шампионите по повеќе од десет години.

Мартинез би бил една од поевтините опции, но конкуренцијата е во Мадрид.

Атлетико го доведе партнерот на Мартинез од аргентинската репрезентација, Кристијан Ромеро, во летниот преоден рок, па доаѓањето на дефанзивецот на Јунајтед изгледа логично.

Да ве потсетиме дека Мартинез неодамна жестоко го осуди менаџментот на Јунајтед и разделбата е неизбежна.

Со оглед на настапите на „Црвените ѓаволи“, Мартинез би можел да направи пробив со заминување од Манчестер.

The post ЛИСАНДРО ГО НАПУШТА ЈУНАЈТЕД ПО ТЕШКИ ЗБОРОВИ: Барселона и Атлетико се први во редот за Аргентинецот appeared first on Во Центар.

Поврзани вести