Роверот „Кјуриозити“ пронашол докази дека на Марс некогаш постоела вода, а научниците ваков заклучок извлекле врз основа на снимките од речно корито кое пресушило.
Фотографијата покажува камена структура која научниците ја нарекле Хотах според истоименото езеро во Канада.
Она што докажува дека станува збор за речно корито е чакалот што укажува на тоа дека каменот некогаш бил изложен на брз речен тек. Камењата се округли и преголеми, да можело таму да ги донесе ветерот.
„Според големината на чакалот можеме да заклучиме дека водата течела со брзина од метар и половина во секунда, а била длабока до висина на колкот. Ова е првпат на Марс да најдеме чакал пренесуван со помош на водата. Нормално, реката не е нашиот прв избор кога говориме за местата на кои е можно постоење живот, но тоа може да биде. Мораме да ја провериме планината Шарп, но ова е првиот доказ дека на Марс постои околина во која е можен живот“, рече Вилијам Дитрих од универзитетот Калифорнија.
НАСА сè уште не се изјасни за ова откритие, чекајќи да ги заврши сите проверки.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: