Jackie Chan официјално се повлекува од снимањето акциони филмови.
Наредниот филм на Chan, “Chinese Zodiac 2012” ќе биде неговиот последен акционен филм – објави Reuters.
“Веќе не сум млад.” – изјави 58-годишниот актер од Хонг-Конг за време на снимањето на документарен филм во Пекинг.
Иако е ова последниот акционен филм на Chan, тоа не е крај на неговата актерска кариера. Тој вели дека специјалните ефекти и двојниците-каскадери се неговите опции за иднината. “Зошто да бидам јас тој што и понатаму ќе ги прави овие работи? Правам колку што можам, но не сакам да си го ризикувам животот и на крајот да завршам во инвалидска количка, тоа е се.”
Chan е горд на неговата кариера во акционите филмови. “Јас сум режисерот, сценаристот, продуцентот… скоро сите функции се мои.”
Во мај Chan за прв пат објави дека ќе се повлекува од акционите филмови во интервју за The Telegraph, каде изјави дека “Chinese Zodiac 2012” ќе му биде последниот ваков филм.
“Сакам да станам азискиот Robert De Niro. Не сакам повеќе да бидам само акциона ѕвезда, сакам да бидам вистински актер. Сакам да се ослободам од мојот досегашен имиџ.”
Chan не е само познат каскадер, тој е вистинска икона на филмската индустрија на Hong Kong. Тој ги покажал своите каскадерски способности и акробатските боречки вештини во повеќе од 113 филмови во текот на својата 40-годишна кариера.
Пронајдете не на следниве мрежи: