Латино дивата Џенифер Лопез направи вистински спектакл вчера во Белград. Како што известуваат српските медиуми, таа успеа да направи вистинско шоу вчера вечерта во Белградска Арена.
Концертот го отвори со песната Get Right, а публиката ја поздрави со зборовите: “Ајде Србија, да направиме шоу! Ве сакам”. За време на настапот таа се пресоблече 4 пати, и со секоја нова креација од почеток ја воодушевуваше публиката. Papi, On The Floor, Love Don't Cost a Thing, If You Had My Love, се само дел од хитовите што во еден глас ги пееа обожавателите на Лопез вчера во Белград. Публиката беше тотално воодушевена од настапот, но дел од присутните тврдеа дека Џенифер дел од концертот го пееше на плејбек.
Она што исто така одлично помина кај публиката беше танцот што Џенифер го изведе на сцената со своето момче Каспер.
Сепак, публиката најмногу беше задоволна од последниот момнет на концертот, кога Џенифер излезе на сцената обвиткана во српското знаме изјавувајќи: “Србија, те сакам!”.
Пронајдете не на следниве мрежи: