Дали најновиот непријател на James Bond е Julian Assange?

Новиот филм за агентот 007 и понатаму е топ тема во светот на филмот. 

Skyfall е филм на кој се посветува многу внимание, па од таа причина нормално е дека околу филмот ќе се поставуваат секакви прашања. 

Едно од тие прашања, кое стана актуелно во последните неколку дена, е прашањето дали најновиот непријател на Bond во Skyfall е всушност филмска адаптација на Julian Assange – основачот на WikiLeaks – или барем дали е претставена слика на личноста која британската влада сака јавноста да ја види во Assange? 

Очигледно е, Silva (Javier Bardem) е белокос гениј чиј злонамерен план е да открие државни тајни со неговите лоши, лоши компјутери (овде влегуваат и Anonymous, LulzSec и останатите хакерски групи). Еден од агентите во филмот го опишува ѓаволскиот систем на Silva, кој му овозможува во својата компјутерска активност постојано да менува сервери низ светот, па поради тоа е невозможно да биде пронајден (овој компјутерски систем во реалниот свет е познат како Tor). 

Еден од мотивите во Skyfall е аргументот дека британската влада, со цел да го заштити својот народ, мора да работи во тајност, односно “во сенките”, како што вели M во филмот. Негативецот, со сета своја генијалност, сака да фрли светлина на на овие сенки. Се разбира, се работи само за филм. Но, се чини очигледно дека постои рефлектирање кон несигурноста на Британците во поглед на хактивизмот – особено кога станува збор за WikiLeaks и белокосиот одметник. 

Се прашуваме дали Assange го погледнал филмот. Можеби ќе треба да почека додека излезе DVD-то. 

Македонската јавност ќе може самата да процени дали се работи за теорија на заговор или за вистина, Bond ќе се проектира во новото кино Cineplexx од 22.11.2012. 

Пронајдете не на следниве мрежи: