Сан Франциско забрани голотија

Луѓето во Сан Франциско кои сакале да се ослободат од вишокот на облека и да шетаат голи низ еден од најлибералните градови во светот, ќе мораат да ги задржат своите гаќи уште малку…

 

Имено градот донесе закон со кој се забранува голотијата на јавни места, а со тоа следеа и многу голем дел на протести на нудистите.

 

Одлуката беше донесена бидејќи беа забележани голем број на голи мажи се собираа на еден од плоштадите во градот. Властите сметаат дека иако Сан Франциско се смета за град кој нема предрасуди, сепак тоа е премногу и тоа не претставува добро дело за градот. 

 

Градоначалникот изјави дека иако Сан Франциско е град на слободата, сепак голотијата не претставува знак на слобода.Сепак забраната не се однесува на фестивалите, парадите, или саемите а максималната парична казна изнесува од 500 до 1000 долари. 

 

Личноста која ќе го прекрши законот три пати во годината ќе се осуди со казна затвор од три години.

Пронајдете не на следниве мрежи: