Оланд им дозволи на градоначалниците да не учествуваат во регистрација на истополови бракови

Францускиот претседател Франсоа Оланд го призна правото на градоначалници и првите луѓе на регионалните администрации да не учествуваат во регистрацијата на истополовите бракови, препуштајќи им го тоа овластување на нивните заменици, пренесе во вторникот AFP.

Според социјалистичкиот француски претседател Франсоа Оланд, градоначалниците се претставници на државата, и доколку законот е донесен, тие ќе мора да го исполнуваат.
„Сепак, законот важи за сите со почитување на слободаота на совеста“, изјави францускиот претседател, објаснувајќи дека градоначалникот може да делегира свое овластено лица, и оваа можност може да се прошири.
Легализирањето на истополовите бракови беше меѓу предизборните ветувања на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд. Неговата влада го одобри на 7-ми ноември текстот на предлог-законот за истополни бракови, кој во јануари ќе биде доставен во парламентот.
Во меѓувреме, во текот на викендот во Франција се одржаа масовни протести против законот, на кои учествуваа цели семејства под слоганот „Еден татко, еден мајка за сите деца“ и „Не за хомобезумието“.
Уште во текот на претседателската кампања актуелниот француски претседател Франсоа Оланд најави дека ќе донесе закон за „брак за сите” во период за една година од стапувањето на должноста во мај годинава, но тоа наиде на жестоки реакции на десницата, верските лидери, некои јавни личности и особено во француските провинции.
Француските верски челници, повеќето католички, но и православни, муслимански, протестантски и еврејски, како и конзервативните политичари се мобилизираа во борбата против овој закон, особено против одредбата со којашто на истополовите двојки ќе им биде дозволено посвојување деца.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: