Четвртфинални натпревари во фудбалскиот Куп

Во среда ќе се одиграат возвратните натпревари, во рамките на четвртфиналето, во фудбалскиот Куп на Македонија.

Секоја од осумте екипи, во возвратните дуели влегува со свои математики за пласман во полуфиналето.
Дербито на оваа фаза ќе се одигра во Скопје, Металург ќе ја пречека Шкендија, тетовската екипа по првиот меч има предност од 1:0.
Предност од еден гол има и Силекс против Дрита, тимот од Кратово, на првиот натпревар како гостин оствари предност од 2:1.
Ренова и Тетекс, реваншот ќе го стартуваат со почетниот резултат 0:0.
На „Филип Втори“ актуелниот првак Вардар ќе го пречека Пелистер, ‘црвено-црните’ по првиот меч одигран во Битола се стекнаа со предност д 1:0.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: