Умерено пиење на алкохолни пијалоци не штети на тренингот на жените, тврдат научниците од Универзитетот Colorado. Тие откриле дека жените кои вечерта пред натпревар испиле едно до три пива утредента можат да истрчаат 22% повеќе, со што значително ги подобруваат своите физички перформанси, пишува Daily Mail.
Но, кај машките, алкохолот има спротивен ефект, па тие ден после пиењето на пиво издржуваат да истрчаат околу 21% помалку, велат истражувачите. Сметаат дека е потребно да се спроведат понатамошни истражувања за да се објасни овој феномен.
“Интересно е да се види како жените се подобруваат со пивото, а за мажите пивото ја отежнува физичката активност.” – вели Dr. Gig Leadbetter.
Таа додава дека во 1970-тите бројни спортисти верувале дека пиењето алкохол пред важните натпреварувања ги стимулира нивните способности и ги подобрува нивните перформанси.
Маратонецот Antonio Pinto, кој во 2000 година победи на маратонот во Лондон, изјавил за медиумите дека е сигурен дека победата му ја довело црното вино кое го пиел претходната вечер, затоа што од истото добил додатна енергија. Неодамнешна студија на Универзитетот Miami открила дека луѓето кои често вежбаат имаат поголеми афинитети кон алкохолот.
Пронајдете не на следниве мрежи: