Британскиот комичар Rowan Atkinson овие денови изјави дека нема намера повеќе да се појави во улогата на Mr. Bean.
Имено 57 годишниот актер се чувствува престаро за да се појавува во такви 'блесави' улоги. Аткинсон во неколку наврати го опиша Mr. Bean како дете во тело на возрасен маж кого не го интересира ништо, но сепак на некој свој начин успева да ги преживее секојдневните препреки кои му претстојат.
Работите кои на овој лик му донесоа голем комерцијален успех, оние детинестите и карактеристики ќе му недостигаат најмалку на овој генијален актер. Тој смета дека е тажно на 50 годишна возраст да се појавуваш како лик кој се однесува толку детинесто.
Mr. Bean, ликот кој Аткинсон го развиваше додека работеше на својата магистерска диплома на Оксфорд на телевизијата дебитираше во 1990 година. Снимени се два играни филмови, а во 2002 година направена е аниминирана серија.
Пронајдете не на следниве мрежи: