Фудбалерите на Барселона и Лил забележаа победи во првите натпревари од претпоследното коло во Лигата на шампиони.
Барселона, во Г групата, за само 45 минути го реши прашањето на победникот против Спартак во Москва. Дани Алвеш во 16’и Лео Меси во 27’ и 39’ беа стрелци на головите со кои Барселона на коло до крајот обезбеди пласман во нокаут фазата.
Спартак има теоретски шанси да стигне до третото место и следната пролет да игра во Лига Европа.
Францускиот Лил, во Ф групата, во Минск ја забележа првата победа во Лигата на шампиони оваа сезона. Лил го победи БАТЕ Борисов со 2:0 со погодоците на Сидибе и Бруно.
Победата на Лил ги промовира Баерн Минхен и Валенсија од оваа група во осминафиналисти, овие два тима во последните две кола ќе решаваат за првата позиција на табелата.
Група Ф:
БАТЕ Борисов-Лил 0:2
(Сидибе 14’, Бруно 31’)
Валенсија-Баерн Минхен
Табела: Баерн (-1) 9, Валенсија (-1) 9, БАТЕ 6, Лил 3
Група Г:
Спартак Москва-Барселона 0:3
(Дани Алвеш 16’, Меси 27’,39’)
Бенфика-Селтик
Табела: Барселона 12, Селтик (-1) 7, Бенфика 4 (-), Спартак 3.